Wine Place Culture Club
Со реализацијата на идејата за формирање на Wine Place Culture Club, обезбедивме место за едукација, дегустација и продажба на вина и алкохолни пијалаци достапно за нашите клиенти.
Се стремиме да создадеме пријатно и опуштено место каде што луѓето би можеле да откријат многу нешта за убавото вино и да уживаат во вкусовите. Сакаме да учиме за виното и да ги споделуваме нашите откритија со нашите клиенти. Тука нема снобизам, само страст и ентузијазам за вкусно вино.
На располагање се повеќе од стотина вински етикети, од странски и домашни винарии. Единственоста на Wine Place Culture Club започнува од големиот, но внимателно составен избор на етикети,
пријатната атмосфера и стручната консултација и сугестија што купувачот може да ги добие.
Во Wine Place Culture Club може да се најдат најразновидни вина со потекло од Шпанија, Португалија, Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Африка, Калифорнија, Аргентина.
Изборот на вина што се достапни на чаша е варијабилен и постојано иновативен. Но, приказната тука не застанува, селекцијата продолжува и ние сме во потрага по уште повеќе и нови можности.
Локацијата на самиот плоштад кај Млечен ресторан овозможува амбиент во кој Wine Place Culture Club, иако мал по своите димензии, со својот стил и елеганција, како и мисија дава голем придонес на вкупното урбано живеење.

