ЗА TIM99 B2B
Тим99 Б2Б е компанија, формирана 2022 година, што се бави со увоз и дистрибуција на вина и жестоки алкохолни пијалаци, како и специфични додатоци што убаво се комбинираат со нашите пијалаци.
Нашата мисија е да донесеме можност за нови и алтернативни пристапи кон конзумацијата и почитувањето на алкохолните пијалаци и посебно виното со акцент на брендовите кои воопшто не се застапени на нашиот пазар.
Наш водечки партнер за увоз на вина е шпанската винарија Diez Siglos de Verdejo од Ваљадолид.
Винаријата е колектив од околу 70 мали до средни лозари – кои работат заедно за да ги продолжат традициите.
Тие ја користат нивната комбинирана експертиза, нивните најдобри лозја и винарија со најнова технологија за производство на одлични вина типични за регионот Rueda.
Ние сакаме да пружиме можност за едно ново искуство и кај нас, да се проба страста и динамиката на Шпанија низ вкусот и аромите на нивни вина.
Линијата на жестоки алкохолни пијалаци доминантно се состои од производи на големата LGCF (Les Grands Chais de France), основана во Алзас, претставени со сите видови жестоки алкохолни пијалаци, виски, водка, џин, рум, текила…
Соработката со Réel Chocolate започнува од формирањето на нашата компанија.
Комбинацијата на производите на Diez Siglos de Verdejo (вина) и Réel Chocolate (чоколади специјално дизајнирани за конкретно вино) е основа за нашата програмска линија на брендирани пакети Wine&Chocolate со која ја промовираме ова комбинација како култура во конзумацијата на нашите клиенти. Пакетите од оваа линија се мошне погодни за подароци.
ТИМ99 B2B
Адреса: Ловќенска 4 бр.14
1000 Скопје,
Република Северна Македонија
Телефон: 071 324143